Аргентинско „танго“ во Бергамо: Јуве на крилјата на Игуаин и Дибала со пресврт до победа над Аталанта! (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од 13. коло од италијанската Серија А, Јувентус со пресврт ја совлада Аталанта на гости во Бергамо (1-3). Аталанта добро го започна натпреварот, а во 18. минута можеа да дојдат до водство кога во својот шеснаесетник невнимателно со рака играше Кедира. Сепак, Војчеш Шчешни му го одбрани пеналот на Муса Бероу.

Во ист стил започна и вториот дел. Бероу одлично нафрли од десната страна, а на Робин Госенс не му беше тешко да постигне погодок и да ги донесе домаќините во водство. Клубот од Бергамо продолжи со нападите и ништо не наговестуваше дека Јувентус ќе направи пресврт.

Сепак, во стил на големите шампиони „старата дама“ се врати во игра. Од една навидум безопасна ситуација, Игуаин израмни во 74. минута, а осум минути подоцна Аргентинецот со својот втор погодок го донесе својот тим во водство. Перфектната партија Игуаин ја заврши со одличната аситенција до својот сонардник Дибала кој стави точка на натпреварот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .