Анри: Арсенал е ужасен, незнаат кај тераат…

Тиери Анри е огромен фан на Арсенал и се обидува да ги гледа сите натпревари кои ги игра неговиот омилен клуб во Премиер лигата, па така било и пред десетина дена кога „топчиите“ го одиграа својот последен меч во домашното првенство.

Арсенал може да биде среќен што извлече реми на гостувањето кај Брајтон со разочарувачки 0:0, бидејќи домашниот тим беше оној кој создаваше притисок и креираше шанси, а не постигна гол само благодарение на извонредната претстава на голманот Рамздејл.

„Арсенал не е на вистинскиот пат во овој момент. Го гледав мечот против Брајтон, не знал колкумина го гледаа убаво. Претходно гледав како го победивме Норич, како го победивме Барнли и како го победивме Тотенхем.

Бев навистина среќен кога го победивме Тотенхем бидејќи врзавме добра серија, но она што го чекав беа добри перформанси на гостински терен и против тим кој има добар проток на топката. Со Брајтон страдав цел меч.

Со нетрпение го чекав мечот со Брајтон, чекав да видиме како ќе одговориме на пас игра. Не ми се допадна тоа што го видов. Дури и кога губевме во првите години без мене во тимот, се велеше дека Арсенал нема план Б и само ја додава топката. Сега не гледав дека Арсенал ја диктира играта со пасови, тоа го правеше Брајтон и навистина е загрижувачки.” заклучува Анри“ рече Анри во изјавата за „Прајм Видео“ и додава.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.