Андоновски ја повика ќерката на Денис Родман во репрезентацијата!

Американскиот селектор Влатко Андоновски го соопшти списокот на фудбалерки повикани за претстојниот тренинг камп на женската репрезентација на САД, а вниманието го привлече името на една дебитантка.

Се работи за 19-годишната Тринити Родман, ќерка на поранешната НБА ѕвезда, контроверзниот Денис Родман, кој беше член на легендарната генерација на Чикаго предводена од Мајкл Џордан.

Неговата ќерка се реши за фудбалска кариера и игра на позицијата напаѓач во редовите на Вашингтон, а одличните настапи и го донесоа признанието за дебитант на сезоната во американската лига.

– Тринити минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во лигата и покажа дека може да биде конкурентна и на професионално ниво. Со тоа го заслужи овој повик, – изјавил македонскиот стручњак кој ја води американската женска репрезентација.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.