Се уште актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски е главниот фаворит да биде нов тренер на Фенербахче, тврди угледниот турски весник „Fanatik“.
Ангеловски бил прв фаворит за претседателот на истанбулскиот великан Али Коч, кој бил импресиониран од популарниот Мрме, чив договор со ФФМ истекува со завршувањето на ЕВРО 2020, а за негов наследник беше назначен Благоја Милевски.