Ангеловски: Прв пат после две години играме пред публика, имаме трема

Фудбалската репрезентација на Македонија утре на арената „Тодор Проески“ ќе го одигра првиот подготвителен натпревар пред стартото на Европското првенство.

Противникот ни е добро познат, селекцијата на Словенија, а селекторот Игор Ангеловски не криеше дека имаат треба пред утрешниот меч, затоа што за прв пат после две години ќе играат пред публика.

„Фудбалот се игра за публика, искрено имаме позитивна трема. Посакуваме да се наполни стадионот максимум колку е дозволено. Нашите навивачи кои ни даваа поддршка, а не можеа да дојдат на стадион, утре се надевам дека ќе напраат вистинска атмосфера бидејќи овие дечки тоа го заслужувааат“, е дел од изјавата на селекторот.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.