Ангеловски откри дали ќе експериментира против Казахстан

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски на денешната прес – конференција откри дека репрезентативците со помала минутажа ќе добијат шанса на утрешниот пријателски меч против Казахстан.

„Ќе го искористиме натпреварот како подготвителен тренинг меч. Казахстан не е во рангот на Лихтенштајн и Гибралтар. Имаат доста млади квалитетни фудбалери кои играат во домашната лига. За нивниот квалитет кажува и тоа што успеаја да одиграат реми против Украина во квалификациите за Светското првенство. Мислам дека ќе биде добра проверка. Ќе излеземе во различен тим, но нема да биде целосен експеримент. Сите што се во мојот тим ќе добијат шанса за да конкурираат во тимот“, изјави Ангеловски.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.