Ангеловски: На победа против Грузија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски пред утрешниот натпревар против Грузија изјави дека во кампот има одлична атмосфера и дека одат на победа во натпреварот против Грузијците.

„Имаме одлична атмосфера без разлика што не го исполнивме планираното. Главната цел во овој циклус ја остваривме пласман во бараж за ЕВРО. Свесни сме каде погрешивме, почнувајќи од мене, на мечот во Талин.

Најпрво мислиме на овој натпревар и не планираме да го предадем лесно првото место и без разлика на големиот број отсуства. Сите ќе дадат максимум и се надевам дека ќе стигнеме до победа.

Добро знаете дека со секоја формација бележиме добри резултати. Од тактички аспект беше со Косово да играме со три стопери. Веројатно сме покомпактни кога играме со тројца во линија и ништо случајно и утре да играме така.

Од службите на репрезентацијата добив информација дека ден пред меч е натпреварот на младите и дека Руфати смее да игра. На мое инсистирање побарав да испратиме до УЕФА дали смее да игра, а тие ни потврдија дека ден пред натпревар не смее да игра. Побаравме дополнително толкување, но УЕФА е децидна дека ден после натпревар не смее да игра“, кажа Ангеловски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .