Ангеловски: Мислите ни се насочени кон Косово

Доколку Македонија го совлада Косово во полуфиналето од Лигата на Нациите, тогаш ќе игра на гости кај победникот од дуелот Грузија – Белорусија. Мислите на селекторот Игор Ангеловски се насочени само кон дуелот против Косово.

„Ждрепката не беше на наша страна. Финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар против Косово. За нас тој натпревар е најважен. Што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите ќе бидат огромни“, изјави Ангеловски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .