Ангеловски: Македонија никогаш не се предава

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски беше задоволен од освоениот бод на вечерашниот натпревар против Грузија.

„Овој натпревар покажа дека Македонија никогаш не се предава, без разлика што имавме играч помалку. Се навикнавме со истиот противник на иста игра, затоа што така беше и на првиот натпревар. Повторно, по којзнае кој пат, покажавме карактер и само едно големо браво за сите, почнувајќи од капитенот, па до последниот член на фудбалската репрезентација. Ги остваривме двете цели, го победивме Косово, во игра сме за Европско првенство и во Лига Ц сме први“, кажа Ангеловски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .