Ангеловски: Знаеме дека сме аутсајдери, но тоа не ни пречи

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски пред утрешниот историски натпревар против Австрија на ЕВРО 2020 кажа дека на него и на играчите не им смета аутсајдерската улога.

„Знаеме дека не сметаат за аутсајдери на првенството. Но, и тоа не ни пречи. Напротив, ни носи и дополнителен мотив на секој натпревар. Добро сме подготвени, одработивме добри подготовки и тука во Романија, знам дека секој од фудбалерите со нетрпение ја очекува пресметката со Австријците“ , изјави Ангеловски.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.