Ангеловски: Заслужуваме трето место

Селекторот на македонската репрзентација, Игор Ангеловски на прес-конференцијата во Скопје ги истакна своите очекувања пред утрешниот дуел против Израел. Ангеловски кажа дека нашата репрезентација со прикажаното во овие квалификации заслужува трето место.

„Со Израелците одлично се познаваме, знаеме дека нивните главни адути се Захави и Дабур. Сакаме поддршка, на последните натпревари имавме полни трибини, а фудбалерите возвратија на најдобар начин. Немаме притисок за да завршиме на третото место, но заслуживме да завршиме на тоа место. Одиме на победа“, изјави селекторот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .