Ангеловски го објави списокот: Аврамовски и Ѓоргиев нови имиња! (ФОТО)

Игор Ангеловски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација го соопшти списокот за последните два натпревари од квалификациите за пласман на ЕП 2020 против Австрија во Виена и против Израел во Скопје.

На списокот се најдоа 23 фудбалери, а нови имиња се Даниел Аврамовски фудбалерот на лидерот во ПМФЛ ,Вардар и Никола Ѓоргиев фудбалерот на швајцарски Грасхоперс.

Иако се повикани, поради три жолти картони Муслиу, Николов и Несторовски нема да настапат на мечот против Австрија, а ќе бидат во комбинација за натпреварот против Израел.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .