Анадолу Ефес е нов европски првак: Мициќ ја сруши и Барселона!

Кошаркарите на Анадолу Ефес вечерва на Ф4 турнирот во Келн во финалето на Евролигата ја совладаа екипата на Барселона и така за прв пат во историјата станаа европски прваци ().

Српскиот плејкмејкер Василије Мициќ уште еднаш докажа зошто беше избран за МВП, па откако во полуфиналето ја реши московска ЦСКА, вечерва од него страдаше и каталонскиот гигант.

Мициќ натпреварот го заврши со 25 поени, а имаше одлична поддршка од Шејн Ларкин постигна 21 поен. Кај Барселона најдобар беше Кори Хигин исто така со 23 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .