Американците полудеа по Лука Дончиќ

На драфтот 2018. година се појави Лука Дончиќ како еден од најголемите таленти која ги дала европската кошарка. Сепак, тој не беше избран ниту како прв, ниту како втор пик на драфтот. Лука беше избран како трет пик од страна на Атланта, а во договорен трејд заврши во Далас.

Новинарот на ЕСПН, Тим Мекмахон кажа дека генералниот менаџер на Сакременто, Владе Дивац, одлучил да не го драфтува Дончиќ затоа што бил во лоши односи со неговиот татко. Просекот од скоро 30 поени по натпревар, 10,5 скока и 9,7 асистенции во досегашниот дел од сезоната покажува дека Дивац и тоа како погрешил.

Дончиќ веќе четврти меч во низа има преку 30 поени, а со ова тој стана вториот најмлад кошаркар во историјата на НБА лигата со вакво достигнување. Исто така тој стана првиот играч во историјата на Далас на кој му успеало да постигне преку 30 поени и да запише 10 асистенции.

Доказ за неверојатната игра на Лука е тоа што единствениот играч кој пред да наполни 21 година, постигнал 41 поен и имал 10 асистенции е најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс. А на Словенецот тоа му успеа дури два пати во последниете четири натпревари. Но, тука не е крајот. Дончиќ стана вториот најмлад кошаркар кој имал трипл-дабл со 40 постигнати поени, а првиот е Леброн Џејмс.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .