Американски тенисер исчезна без трага откако беше тестиран позитивно на Ковид – 19!

Американскиот тенисер Сем Квери исчезна од рускиот гард Сент Петерсбург откако беше тестиран позитивно на корона – вирус!

Откако доби позитивен тест пред стартот на турнирот, тој заедно со сопругата и синот бил префрлен во луксузен хотел каде требало да го помине карантинот. Меѓутоа, откако било објавено дека докторите ќе дојдат да ја проверат неговата состојба, Квери одлучил да исчезне.

Американецот изнајмил приватен авион и заминал во непознат правец, а наводно се наоѓа во некоја од балтичките земји каде не му е потребен негативен тест за влез. Од АТП веднаш се огласија и Квери би можел да добие дури три годишна суспензија.

„АТП е известена за инцидентот и за сериозното кршење на протоколите. Ние според правилникот ова го сфативме многу озбилни и започната е истрага“, велат од АТП.

На Квери освен што му се заканува три годишна суспензија може да добие и парична казна од 100.000 долари!

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .