Ал Ахли се ОТКАЖА од Алиоски: Саудијците тврдат, Џани барал премногу пари?

Иако беше речиси се договорено, сепак Езгијан Алиоски нема да го облече дресот на клубот од Саудиска Арабија, Ал Ахли, кој одлучи да ги прекине преговорите со македонскиот репрезентативец.

Причина за овој потег на клубот е превисоките финансиски барања на македонскиот репрезентативец, исто како што се случи и со истанбулскиот тешкаш Галатасарај.

„Готово е, Алиоски нема да биде фудбалер на Ал Ахли. Преговорите се прекинати, повеќе нема да се разговара на оваа тема поради превисоките барања на фудбалерот“, сооптија од Ал Ахли.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .