Алушовски: Ова е голема победа, во Македонија сите сакаат да бидат паметни

Тренерот на РК Вардар, Стевче Алушовски беше презадоволен од изданието на неговите избраници кои вечерва стигнаа до голема победа на домашен терен против фаворизираниот Фленсбург.

Алушовски исто така не заборави и да ги „пецне“ критичарите.

„Во Македонија секогаш сите сакаат да бидат паметни, посебно после војна. Јас само секогаш се обидувам најдобро да го водам Вардар, и да го пренесам тоа што најдобро го знам.

Мислам дека момците одлично ме следат и верувам дека и во иднина ќе имаме вакви и уште подобри натпревари. Тоа што сакам да го кажам за нашиот тим, за играчите, за нашиот претседател, за нашите фанови дека ова е една голема победа која за во иднина ќе ни даде огромен мотив и крилја.

Сакам да им честитам на ракометарите кои еден месец немаа никаков натпревар а денеска одиграа феноменално. Сега мора да го заборавиме сето ова затоа што за брзо не чека нов голем предизвик против Порто. Но ова се важни бодови во битката за обезбедување осминафинале во Лигата на шампионите“, изјави Алушовски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .