Алушовски доби отказ од Работник

Поранешниот македонски репрезентативец Стевче Алушовски од синоќа не е тренер на Работник. Битолскиот клуб реши да се раздели со Алушовски, а причина за оваа одлкуа на клубот се слабите резултати во последниот период.

„Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот г-дин Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката.

Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман на г-дин Стевче Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси“, се вели во соопштението на Работник.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .