Алушовски: Во Купот сите се фаворити

Ракометарите на Вардар во полуфиналето од Купот на Македонија ќе се судрат со долгогодишниот градски ривал Металург, а тренерот на „црвено – црните“ истакна дека нема фаворити во Купот.

„Во Купот сите екипи се фаворити. Сите се надеваат дека може да победат. Тоа се два посебни натпревари, две посебни приказни, две сосема поинакви дуели. Секој ја гледа својата шанса тука. Ова се четирите најквалитетни тимови и секој доаѓа со свои сметки. Нема аутсајдери. Вардар никогаш не бегал од улогата што ја имал и секогаш се стреми да биде победник. Во ситуација кога нема публика на трибините речиси е сеедно каде се игра.  Треба да покажеме дека во моментов нашата форма е најдобра и овој месец да го завршиме планираното. Тренираме вредно, секојдневно. На овие дуели од Купот единствено ќе ни недостасува Анте Гаџа кој има повреда на раката и имаше операција. Сите други се максимално подготвени за полуфиналниот дуел со Металург. Тоа е дерби кое секогаш е интересно.  Очекувам натпревари со висок интензитет и очекувам се разбира да бидеме победници“, изјави Алушовски.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.