Алисон: Бог ја стави раката на мојата глава

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер не ги криеше емоциите после нестварниот гол во 95. Минута во натпреварот против Вест Бромвич Албион (2-1), со кој ги зачува добрите шанси на „црвените“ да се пласираат во Лигата на шампионите.

„Сакав да бидам во шеснаесетникот за да им помогнам на соиграчите и навлеков барем еден дефанзивец на себе. Сепак, никој не ме чуваше и се случи тоа што се случи. Навистина необјасниво, но мислам дека тоа беше Бог, кој ја стави својата рака на мојата глава. Се чувствувам благословено“, изјави Алисон.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .