Алиоски: Пандев е неверојатен, Македонија никогаш нема да има легенда како него

Езгијан Алиоски не штедеше пофалби на сметка на соиграчот и капитен во репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев.

„Кога го гледам Пандев си велам овој човек има 38 години. Тоа е неверојатно. Замислете да е десет години помлад, тој може да ја освои Златната топка. Тој е неверојатен фудбалер. Покрај тоа што е неверојатен фудбалер и има големо искуство, тој пред се е неверојатен како човек. Со начинот на кој се однесува со нас изгледа како никогаш да не освоил Лига на шампиони и за тоа за каква ѕвезда се работи. Доколку имате некој проблем тој секогаш е тука да ви помогне. Доаѓа нова генерација на неверојатни фудбалери, но Македонија никогаш нема да има легенда како Горан Пандев. Тој даде многу за оваа генерација, но и за фудбалот во Македонија“, кажа Алиоски.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.