Алиоски: Ништо не е загубено, има уште два натпревари!

Езгијан Алиоски не го криеше разочарувањето по поразот од Австрија на дебитанскиот настап на Македонија на ЕВРО 2020. Дефанзивецот на Лидс смета дека и покрај поразот, можеме да се пласираме во нокаут – фазата.

„Ми фалат зборови, не знам што би кажал. Знаевме дека Австрија е добра репрезентација, со квалитетни индивидуалци и се силни на физички план. Направивме две грешки по кои што бевме казнети со два гола. Супер игравме, но примивме два гола во финишот што го расипаа впечатокот. Штета што поради поразот многумина ќе мислат дека не сме подготвени, но ние 70 минути игравме многу добар фудбал. Тоа е тоа, мораме да играме 90 минути за да стигнеме до добар резултат. Одиме напред. Немаме време, сега треба што поскоро да имаме рекуперација и да се свртиме кон Украина. Имаме нула бодови, но и уште две средби, ништо не е загубено. На крајот ќе видиме каде сме“, изјави Алиоски по натпреварот.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.