Алиоски: Ништо не е готово, се подготвуваме како за финале

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски смета дека ништо не е готово и покрај поразот од Австрија во првото коло од групната фаза на ЕВРО 2020.

„Многу сме горди што имавме можност да играме против Австрија. Резултатот не беше на наша страна. Даваме се од себе да закрепнеме. Уживаме во овие денови и сметаме дека се уште не е ништо завршено. Пред мечот со Украина ќе направиме анализа и за натпреварот, но и за грешките што ги направивме против Австрија. За Украина ќе се подготвуваме како за во финале, бидејќи и ние и тие имаме по 0 бодови и ова ќе биде многу важен натпревар за нас. Тие играат многу офанзивен фудбал и треба да внимаваме на тоа. Фаворити се на овој меч, но мислам дека тоа е добро за нас бидејќи притисокот ќе биде на нив“, кажа Алиоски.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.