Ако традицијата се повтори – Милан го освојува Скудетото!

Милан фантастично ја започна новата сезона во италијанската Серија А. „Росонерите“ од првите четири меча имаат максимални четири победи и се осамени на лидерската позиција во калчото.

А, што вели традицијата? Традицијата вели дека Милан кога го стартувал првенството со четири победи, СЕКОГАШ стигнувал до насловот. Тоа се случило во сезоните 1950/51, 1954/55, 1992/93 и 1995/96.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .