„Ако ова продолжи, ќе умреме, клубовите ќе банкротираат“

Поранешниот НБА кошаркар, легендарниот Тони Паркер кој во моментов е сопственик на францускиот евролигаш Асвел, апелираше до Владата на Франција да и помогне на кошарката затоа што во спротивно ќе дојде до најцрното сценарио – банкрот.

„Ако ова уште малку продолжи, ќе умреме, клубовите ќе банкротираат. Не можеме да играме пред празни трибини цела сезона, тоа е невозможно. Владата мора да ни помогне. Би било добро да не ослободат од плаќањата кон државата, барем додеа трае оваа состојба. Се плашам за кошарката“, порача Паркер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .