„Ако губиме, нека биде на овој начин“

Баерн Минхен синоќа, во репризата на минатодишното финале на Лигата на шампионите, сега во четвртфиналето, изненадувачки беше поразен од ПСЖ. Сепак, и покрај поразот тренерот на Баварците, Ханси Флик беше задоволен од изданието на неговите играчи.

„Ни дадоа три голови, од неколку шанси колку што имаа, додека ние премногу промашувавме. Можевме да стигнеме и до подобар резултат, но не бевме ефикасни. Без оглед на се, задоволен сум од настапот на екипата и начинот на кој игравме. Не сакам да губам, но кога веќе мораме да загубиме, тоа нека биде на овој начин“, изјави Флик.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.