Еден Азар во Реал Мадрид стигна пред две години и беше претставен како огромно засилување, меѓутоа не е тешко да се признае дека не ги исполни очекувањата, а досега одигра 43 натпревари на кој постигна само пет погодоци.
Токму затоа Белгиецот сака да си замине од Мадрид. Наводно неговата желба била да се врати во Лондон и да потпише за Челси, но се уште не е јасно како би се извршил трансферот, ако се знае дека „кралевите“ сигурно нема да ги вратат вложените финансиски средства.