„Азар погреши, ако потпишеше за Барса ќе беше најдобар фудбалер во светот“

Џон Бико, поранешниот менаџер на Еден Азар смета дека трансферот на Белгиецот во редовите на Реал Мадрид било грешка. Тој смета дека Азар можел да стане најдобар фудбалер во светот доколку потпишел за Барселона.

„Трансферот на Азар во Реал беше грешка. Тоа беше избор на срцето за кој не постои јасна причина. Од Челси требаше да си замине една година порано, а не би го советувал да го одбере Мадрид. Барселона – тоа е местото каде што Еден требаше да замине. Азар во Барса би имал поголема слобода на теренот, а во овој тим ќе станеше најдобар фудбалер на светот“, изјави Бико.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .