Адеми поминал одлично, можно е да игра веќе во четврток!

По застрашувачките вести кои стигнаа сабајлево од Загреб, дека стандардниот репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми заработил тешка повреда, сега стигнуваат далеку подобри вести, откако претставниците на Динамо за хрватските медиуми открија дека Адеми можно е да се врати уште во четврток кога е реванш мечот од четвртфиналето на Лигата на Европа протви Виљареал.

„Аријан доби незгоден удар во натпреварот со Локомотива, има оток на зглобот, а лекарскиот тим прави напори што побрзо да ја санира повредата. Имаме една трка со времето, ние веруваме дека ќе биде спремен за настап во четврток“, велат „модрите“.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .