Адеми: Морници ме лазат на помислата дека сум најтрофеен во историјата на Динамо

Стандардниот македонски репрезентативец Аријан Адеми синоќа стана најтрофејниот фудбалер во историјата на Динамо Загреб, откако во финалето на Купот на Хрватска „модрите“ убедливо ја совладаа Истра (6-3).

Капитенот на клубот од Загреб, не го криеше воодушевувањето што стана најтрофеен фудбалер во хрватскиот гигант.

„Се ежам кога ќе помислам дека сум најтрофејниот фудбалер во историјата на Динамо Загреб. Кога доаѓав во Динамо во 2010 година воопшто не размислував на вакво нешто. Ако некој ми кажеше дека ќе успеам да дојдам до ова ќе му кажев дека е луд. За мене е чест што влегувам во друштво на такви легенди кои играле за Динамо. Морници ме лазат на помислата дека покрај едни такви величини кои играле во клубот, јас сум најтрофејниот“, гордо изјави Адеми.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.