Адеми е легенда на Динамо: Капитенот на „модрите“ утре руши уште два рекорди!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, по завршувањето на кариерата дефинитивно ќе остане запаметен како еден од најголемите легенди на хрватскиот гигант Динамо од Загреб.

Адеми веќе е најтрофеен фудбалер во историјата на „модрите“ со 17 титули во сите конкуренции (девет во ХНЛ, пет во Купот на Хрватска и три во Суперкупот на Хрватска), а големи се шансите да додаде уште два трофеи по завршувањето на оваа сезона.

Адеми утре ќе сруши уште два рекорди, но сега кога станува збор за натпреварите против вечниот ривал Хајдук од Сплит. За Адеми ова ќе биде 28. меч против Хајдук во сите натпреварувања со што ќе го израмни рекордот на Един Мујчин.

Исто така, мечот против „сплитските били“ ќе му биде вкупно 304. официјален натпревар во дресот на Динамо Загреб со што се израмни со Среќќо Богдан, а  пред него остануваат Марко Млинариќ со 307, Младен Рамљак со 337 и голманот Дражен Лади кој има дури 468 мечеви за клубот од Загреб.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .