Агуеро ја одбра новата „десетка“ на Сити: Мислам дека на него треба да му припадне бројот 10 на дресот

Една од најголемите легенди во историјата на Манчестер сити, за многумина и најголема, Серхио Агуеро после 10 години во клубот ќе го напушти „Етихад“ и ќе се пресели во редовите на Барселона.

По заминувањето на Аргентинецот дресот со број 10 ќе стане слободен, а Агуеро смета овој број на дресот треба да му припадне на Фил Фоден.

„Сметам дека бројот 10 треба да му припадне на Фил Фоден. Некои зборуваат дека Кевин треба да го земе тој број, но тој го користеше бројот 17 и во другите клубови и не верувам дека би сакал да го смени. Затоа сметам дека Фил треба да го добие тој број“, истакна Агуеро.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.