Серхио Агуеро потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер сити. Нема дилеми дека Аргентинецот ќе остане запаметен како една од најголемите легенди на клубот од „Етихад“, но има голема можност напаѓачот да остане на Островот.
Според англиските медиуми, 32 – годишниот напаѓач има позитивно мислење за Тотенхем и Челси, лондонските ривали кои не кријат дека го сакаат во своите редови.
Инаку, Агуеро за Сити одигра 384 мечеви и постигна 257 голови.