Агентот на Озил „удри“ по Артета: Навивачите ја заслужуваат вистината!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не бил искрен кога зборува за причините поради кои Месут Озил бил изоставен од тимот, тврди агентот на 32 – годишниот фудбалер, Еркут Согут.

„Мојата совест е мирна затоа што бев фер. Одлуката беше фудбалска. Комунициравме, знаевме што да очекуваме еден од друг. Мојата работа е да го извлечам најдоброто од сите играчи. Мислам дека потфрлив кога станува збор за Месут“, објасни Артета.

Сепак, агентот на поранешниот германски репрезентативец тврди дека тоа не се вистинските причини.

„Навивачите на Арсенал ја заслужуваат вистината, не тоа што го зборува Артета. Тој не беше фер, искрен и транспарентен, не се однесуваше со почит кон некој што има договор и кој е верен на клубот.

Сите знаат дека во клубот не беа фер кон Озил. Не му дадоа шанса да се докаже. Ако и понатаму има договор, веројатно заслужува шанса да се бори за своето место.

Сите зборуваат дека тренира добро. Разговарав со петорица негови соиграчи, сите кажаа дека Месут е еден од најдобрите и дека не разбираат зошто не е на списокот. Кои фудбалски причини се тоа?“, изјави Согут.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .