Агентот на Буфон откри: Го бараше и Црвена звезда

Силвано Мартина, агентот на прославениот голман Џанлуџи Буфон откри дека легендарниот Италијанец била заинтересирана белгдрадска Црвена звезда, меѓутоа желбата на популарниот Џиџи била да се врати во Парма.

„Идејата да се врати во Парма се роди пред 15 дена. Имајќи ги во предвид неговите години, имавме голем број понуди. Помеѓу нов беа и три бразилски клубови, станува збор за добри понуди, но не ги сфативме сериозно поради семејни причини. Пред да потпишеме со Парма ни се јавија и од Црвена звезда, но за него немаше дилеми само Парма доаѓаше во предвид“, изјави Мартина.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .