Фудбалската федерација на Аргентина одлучи да го прекине националното првенство на девет денови и тоа точно три недели пред Копа Америка која започнува на 13. јуни, токму во Аргентина, а причина за оваа одлука е порастот на заразени од корона – вирус.
„Во овој момент во кој нашата земја мора да се потруди да исконтролира вознемирувачката пандемија која сите нас не погаѓа. Сојузот и фудбалот уште еднаш мораат да ги следат властите и да ги суспендираат сите натпревари на девет дена“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Аргентина.
Сепак, суспензијата не важи за мечевите кои ќе се одиграат во Копа Либертадорс следната недела.