Сопственикот на Челси, Роман Абрамович за прв пат се огласи откако неколку европски гиганти, вклучувајќи го и неговиот Челси, се обидоа да формираат ново фудбалско натпреварување Суперлигата.
Рускиот тајкун кажа дека не сакале да заостануваат зад другите клубови, па затоа го прифатиле повикот да се приклучат.
„Сопственикот и Управниот одбор на клубот сакаат да се обратат до навивачите поради случувањата кои се случија изминативе денови. Нашата амбиција секогаш е од Челси да направиме најдобар клуб на светот, како на теренот така и надвор од него. Од таа амбиција се водевме кога ја донесовме одлуката да и се приклучиме на Суперлигата. Не сакавме да заостануваме зад другите европски клубови. Сепак, сопственикот и Извршниот одбор сфатија дека клубот не требаше да се приклучи на овој проект и длабоко жалат поради оваа одлука“, се вели меѓудругото во соопштението на „сините“, потпишано од Абрамович.
A letter to supporters of Chelsea FC.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) April 23, 2021